РУСИЈА ПОВТОРНО ИЗБИРА ВОЈНА, КАЖА ЗЕЛЕНСКИ ОТКАКО ПУТИН ГО ОДБИ НЕГОВИОТ ПРЕДЛОГ ЗА ДИРЕКТНИ РАЗГОВОРИ

    РУСИЈА ПОВТОРНО ИЗБИРА ВОЈНА, КАЖА ЗЕЛЕНСКИ ОТКАКО ПУТИН ГО ОДБИ НЕГОВИОТ ПРЕДЛОГ ЗА ДИРЕКТНИ РАЗГОВОРИПутин кажа дека војната ќе заврши кога целите на Русија ќе бидат исполнети (Фото: ДПА)

    Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека не гледа никаква смисла во средбата со Володимир Зеленски, откако украинскиот лидер побара директни разговори за ставање крај на војната помеѓу двете земји. Во отворено писмо до Путин, Зеленски повика на прекин на огнот и кажа дека би било погрешно да се чека војната повторно да се најде во фокусот на САД.

    Путин го одби барањето за средба, повторувајќи го својот став дека мировните преговори треба да претходат на каков било прекин на огнот.

    Го ѕирнав писмото. Авторот ги споменува моите години. Некои од светските лидери се постари од мене. Најважно е дали можете правилно да си ја работите работата. Тонот на писмото беше некултурен. Дали тоа беше начин да се создадат услови за средба лице в лице или начин да не се организира? Мислам дека беше второто“, рече Путин.

    Откако го слушна одговорот на Путин, Зеленски кажа дека Русија повторно избира војна.

    Тој едноставно не сака да ја заврши војната. Мислам дека многумина во светот ќе бидат разочарани од одговорот“, изјави Зеленски.

    Според Путин, примирјето само ќе ѝ овозможи на Украина да се прегрупира, додека отстапките што ги бара Русија остануваат неисполнети. Русија бара целосно повлекување на Украина од Донбас, Запорожје и Херсон, но Киев не прифаќа отстапување територии.

    Војната ќе заврши кога целите на Русија ќе бидат исполнети“, додаде Путин.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира