СИ ЧЕСТИТАМ НА СЕБЕСИ, РЕЧЕ РУСКАТА ТИНЕЈЏЕРКА МИРА АНДРЕЕВА ОТКАКО ГО ОСВОИ РОЛАН ГАРОС

    СИ ЧЕСТИТАМ НА СЕБЕСИ, РЕЧЕ РУСКАТА ТИНЕЈЏЕРКА МИРА АНДРЕЕВА ОТКАКО ГО ОСВОИ РОЛАН ГАРОССо 19 години, Андреева е најмладата шампионка на Ролан Гарос од Моника Селеш во 1992 (Фото: АП)

    Руската тинејџерка Мира Андреева ја освои првата гренд слем титула откако ја совлада Маја Хвалинска од Полска во финалето на Ролан Гарос. Осмата носителка славеше со 6:3, 6:2 против тенисерката која стигна до финалето од квалификациите и моментално се наоѓа на 114. место на ВТА-листата.

    Со 19 години и 39 дена, Андреева е најмладата шампионка на Ролан Гарос од Моника Селеш во 1992.

    Го гледав Ролан Гарос уште од мала и ми беше голем сон да ја освојам титулата. Париз ќе има посебно место во моето срце. Сакам да се заблагодарам на себеси што верував во себе, што давав 100% дури и кога беше тешко, што верував дека можам да го направам ова и што се борев со толку многу демони во мене“, кажа Андреева по финалето кое траеше неполни час и половина.

    Проценките се дека Хвалинска ќе напредува 93 позиции во поредокот, а поразот ѝ донесе премија од 1,625 милиони долари, двојно повеќе од она што досега го заработи во кариерата.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира