Александер Зверев конечно ја круниса својата кариера со гренд слем титула откако го освои Ролан Гарос. Во денешното финале, 29-годишниот Германец го совлада десеттиот носител Флавио Коболи со 6:1, 4:6, 6:4, 6:7, 6:1, за негова вкупно 25. АТП-титула.
Тој е првиот германски тенисер кој освоил гренд слем титула од победата на Борис Бекер на Отвореното првенство на Австралија во 1996.
Зверев зад себе имаше три изгубени гренд слем финалиња, а сега во Париз, патот кон титулата му беше отворен по раните елиминации на Јаник Синер и Новак Ѓоковиќ и неиграњето на Карлос Алкарас поради повреда. Сепак, Коболи го намачи во финалето, кое траеше повеќе од четири часа.



