Иран и Израел разменија големи напади за првпат откако стапи на сила прекинот на огнот во април, при што синоќа Иран испука ракети кон Израел, а Израел возврати, но помалку од 24 часа по првите ирански напади, Исламската Република изјави дека ќе престане. Денеска попладне, военото раководство на Иран објави дека нападите врз Израел се завршени, по што и Ираел рече дека запира со напади.
Во соопштението емитувано од државното радио, военото раководство изјави дека Исламската Република му дала „болен одговор“ на Израел во поддршка на Либан и најави прекин на своите воени операции.
Претседателот на САД, Доналд Трамп, во објава на неговата мрежа Трут соушал, рече дека двете страни „бараат веднаш да склучат ПРЕКИН НА ОГАН! Конечните преговори за ‘Мир’ се во тек“. Тој рече дека американската блокада на Ормускиот Теснец, клучен премин за глобалниот извоз на нафта, „ќе остане на сила и во полна сила и ефект, сè додека не се постигне Конечен договор. Работите треба да се одвиваат брзо“.
Трамп често објавуваше дека решението за конфликтот е блиску, но војната продолжи, а вчера Трамп изрази фрустрација од израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.



