ГОЛЕМ ПОЖАР НА РИДОВИТЕ КАЈ ШТИП, ИЗГОРЕ ЕДНА КУЌА

    ГОЛЕМ ПОЖАР НА РИДОВИТЕ КАЈ ШТИП, ИЗГОРЕ ЕДНА КУЌАДиректорот нa ДЗС Стојанче Ангелов, кој е на местото, рече дека се ангажирани 3 „ер трактори“ и пожарот се става под контрола. (Фото: СДК.МК)

    Пожар со поголеми размери се појави поладнево на ридовите Клисабаир и Кумлак кои гравитираат кон Штип и населените места, откако ноќеска беше локализиран пожарот на ридовите над градот во месноста Плуждино.

    Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС), Стојанче Ангелов кој е на местото, рече дека се ангажирани 3 „ер трактори“ со четири пилоти за гасење кои имаа по три лета и пожарот се става под контрола. Тој, како што кажа, добро го познава овој терен кој е непристапен затоа што уште како дете живеел во една од куќите кои се најблиску до опожарениот рид.

    Ангелов апелира, сопствениците на вили превентивно барем да ја остранат тревата во дворите која може да биде опасна за нивните објекти.

    Александар Георгиевски кој е вклучен во гаснењето, како поранешен искусен пожарникар смета дека овој пожар е подметнат.

    „Една куќа речиси е изгорена. Во последен момент успеавме да ги спасиме сопственикот кој е во поодминати години. Внатре во објектот имаше плински боци па веднаш ги извадивме. Од нашето доброволно противпожарно друштво, едни членови го транспортираа повредениот во штипската болница, а другите останаа колку што можат со гранки и други помагала да го гасат пожарот“, вели тој.

    Георгиевски истовремено преку социјалните мрежи, но и со директни јавувања до надлежните служби, побарал да се интервенира со авиони и хликоптери затоа што теренот е непристапен за противпожарни возила, а во опасност во овој предел се над 15 вили и повеќе лозови и овошни насади од кои дел веќе се зафатени со огнот.

    Протвипожарната единица во Штип која цела ноќ работеше на локализирањето на пожарот од друга страна на ридот, попладнево повторно е мобилна на терен  заедно со доброволци и со месното население кое има имоти во овој предел.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира