ДОГОВОРОТ ПОМЕЃУ САД И ИРАН Е ОПШТ ДОКУМЕНТ ОД СТРАНИЦА И ПОЛ, КАЖА ВЕНС

    ДОГОВОРОТ ПОМЕЃУ САД И ИРАН Е ОПШТ ДОКУМЕНТ ОД СТРАНИЦА И ПОЛ, КАЖА ВЕНСТрамп кажа дека Венс ќе го потпише договорот во име на САД (Фото: ДПА)

    Американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс изјави дека меморандумот за разбирање помеѓу САД и Иран е општ документ кој содржи само една и пол страница. Тој додаде дека Доналд Трамп би можел да го објави пред петок, кога треба да се одржи негово официјално потпишување во Женева.

    Деталите од договорот засега не се објавени јавно, освен што беше кажано дека Иран повторно ќе го отвори Ормускиот Теснец в петок, а Трамп ќе ја укине поморската блокада на иранските пристаништа.

    За време на средбата со Емануел Макрон пред самитот на Г7 во Франција, Трамп изјави дека меморандумот е веќе потпишан. Еден американски функционер откри дека Трамп, Венс и спикерот на иранскиот парламент Мохамад Багер Калибаф по електронски пат го потпишале договорот.

    Се очекува техничките разговори за нуклеарната програма на Иран да започнат оваа недела, рекоа официјални лица, додека какво било олеснување на санкциите или ослободување средства ќе зависи од тоа дали Иран ќе ги исполни обврските од договорот.

    Меморандумот за разбирање е многу општ документ, а многу од деталите ќе бидат разработени за време на идните преговори. Во првиот став од документот е наведено дека Иран ќе се посвети на регионален мир и стабилност, што вклучува и запирање на финансирањето на терористичките организации. Најважно е што Иран ќе има обврска да не гради нуклеарно оружје“, кажа Венс, кој ќе го потпише договорот во име на САД. 

    Договорот ќе го продолжи прекинот на огнот за уште 60 дена, за време на кои ќе се преговара за конечен договор. Пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф, чија земја беше посредник во преговорите, рече дека договорот вклучува „итно и трајно прекинување на воените операции на сите фронтови, вклучително и во Либан“.

    Иако Либан е опфатен со рамката за прекин на огнот, повлекувањето на израелските сили од либанската територија не е услов за договорот. Израел ќе го задржи правото на самоодбрана“, рекоа американски функционери.

    Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху синоќа порача дека израелските сили ќе останат во безбедносните зони во Либан, Сирија и Газа колку што е потребно и ќе ја задржат слободата да дејствуваат против напади.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира