Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) спречи увоз на повеќе од 23,6 тони замрзнато пилешко месо од Бразил.
Од Агенцијата велат дека поради непочитување на донесеното решение за забрана за увоз на живи животни, производи и нус производи од животинско потекло за да се спречи внесување на вирусот на птичји грип во земјава, пратката со замрзнатото пилешко месо е одбиена, бидејќи истата била произведена во јануари 2025. Согласно донесеното решение, забранет е увозот на пратки кои се добиени од животни кои се заклани, натоварени и сертифицирани пред 1 август 2025.
Поради истата причина, АХВ во декември лани спречи увоз на над 26 тони замрзнат пилешки батак од Бразил.
„Како одговорна институција за безбедност на храната, АХВ упатува апел до увозниците на храна во земјава да ги почитуваат законите, подзаконските акти и стандардите кои се однесуваат на безбедноста, бидејќи здравјето на граѓаните е приоритет и за Агенцијата и за државата“, апелира Агенцијата.



