ДА БЕВ ВО ИЗРАЕЛСКАТА ВЛАДА, НЕ БИ ГО КРИТИКУВАЛ ТРАМП, КАЖА ВЕНС

    ДА БЕВ ВО ИЗРАЕЛСКАТА ВЛАДА, НЕ БИ ГО КРИТИКУВАЛ ТРАМП, КАЖА ВЕНСВенс кажа дека Трамп е единствениот шеф на држава во целиот свет кој е наклонет кон Израел во овој момент (Фото: ДПА)

    Потпретседателот на САД, Џеј-Ди Венс, ги нападна израелските критичари на договорот со Иран, велејќи дека Доналд Трамп е единствениот сојузник на Израел, укажувајќи на милијарди долари вредната американска одбранбена помош што ја добива земјата.

    Додека администрацијата на Трамп го бранеше својот договор за завршување на војната со Иран, Венс реагираше на извештајот дека израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху е бесен поради договорот. Венс рече дека не слушнал такви коментари од Нетанјаху, но ги критикуваше членовите на неговиот кабинет, за кои рече дека ги нападнале договорот и Трамп.

    „Доналд Трамп е единствениот шеф на држава во целиот свет кој е наклонет кон нацијата Израел во овој момент. Да бев во израелската влада, можеби немаше да го напаѓам единствениот моќен сојузник што ми остана во целиот свет“, кажа Венс.

    Тој исто така ги потсети членовите на израелската влада дека две третини од оружјето што го заштити Израел се изградени од американски раце и платени од доларите на американските даночници. САД му обезбедуваат на Израел околу четири милијарди долари воена помош годишно.

    Проблемот за Израел не е Доналд Трамп, туку сите во Израел кои мислат дека нивниот најголем проблем е претседателот на САД треба да се разбудат и да ја почувствуваат реалноста на ситуацијата во која се наоѓа земјата“, рече Венс.

    Претставници од целиот израелски политички спектар, вклучувајќи некои од сојузниците на Нетанјаху, го критикуваа договорот САД-Иран, велејќи дека не ги решава нивните грижи во врска со нуклеарните и ракетните програми на Иран и ќе ги ограничи воените операции на Израел против Хезболах во Либан.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира