НОВИТЕ ВОЗИЛА НА „МАКЕДОНСКИ ПОШТИ“ ЌЕ ИМААТ КАМЕРИ ЗАРАДИ НАВРЕМЕНА ИСПОРАКА НА ПРАТКИТЕ

    НОВИТЕ ВОЗИЛА НА „МАКЕДОНСКИ ПОШТИ“ ЌЕ ИМААТ КАМЕРИ ЗАРАДИ НАВРЕМЕНА ИСПОРАКА НА ПРАТКИТЕСо камери во товарниот дел ќе се следи пратката од самото задолжување во поштата, транспортот, до испораката на корисникот на услугата, велат од „Македонски попти“. (Фото: СДК.МК)

    Јавното претпријатие „Македонски пошти“ ќе вгради камери во новите возила, за да ја следат дистрибуцијата на пратките, одлучи Управниот одбор. Целта е да се надминат проблемите кои се појавиле при испораката, но не епрецизрано за какви аномалии станува збор.

    „Како новина во возилата ќе вградиме камери во товарниот дел. Така ќе се следи пратката од самото задолжување во поштата, транспортот, до испораката на корисникот на услугата. Така ќе ги отстраниме некои аномалии кои се јавија во испорката“, кажа Николчо Угринов, заменик-генерален директор на „Македонски пошти“, при предањето на три возила на подружницата во Велес.

    Новите возила „фиат дабло“, модел од 2026 година, се опремени со најмодерна опрема, климатизација, навигација, сензори, задни камери, со носивост од 750 кг. Велешката Пошта покрива три општини, Велес, Чашка и Градско со вкупно 70.000 жители и 11 поштенски експозитури.

    П. ПЕЧКОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира