Лео Меси стана најдобриот стрелец во историјата на светските фудбалски првенства откако постигна два гола на средбата со Австрија. Со првиот, неговиот 17. погодок на мундијалите, се издвои од Германецот Мирослав Клозе, со кого го делеше рекордот од минатата недела.
Капитенот на Аргентина го даде историскиот гол во 38. минута, откако претходно не реализираше пенал. Тој даде уште еден гол во судиското продолжение за конечни 2:0.
Меси, кој на 24 јуни ќе наполни 39 години, стана првиот фудбалер кој настапил на шест светски првенства кога играше против Алжир во првото коло, кога постигна хет-трик во победата од 3:0.



