РУСИЈА РАЗМИСЛУВА ЗА ЗАБРАНА НА ИЗВОЗ НА ДИЗЕЛ И ЗА УВОЗ НА ГОРИВО ПОРАДИ УКРАИНСКИТЕ НАПАДИ

    РУСИЈА РАЗМИСЛУВА ЗА ЗАБРАНА НА ИЗВОЗ НА ДИЗЕЛ И ЗА УВОЗ НА ГОРИВО ПОРАДИ УКРАИНСКИТЕ НАПАДИРедица пред бензинска пумпа во Севастопол на Крим (Фото. Телеграм)

    Русија размислува да воведе забрана за извоз на дизел, најави вицепремиерот Александар Новак, додека медиумите известија за можен увоз на гориво за да се надмине недостигот, особено на Крим, каде што веќе се ограничени јавни активности.

    Украина во изминатиот период ги зачести нападите во длабочината на Русија и врз окупираниот полуостров Крим, гаѓајќи рафинерии и ланци на снабдување. Претседателот Владимир Путин ја повика владата да преземе дополнителни мерки за да ги ублажи последиците од нападите.

    Разгледуваме воведување забрана за извоз на дизел и измени во даночното законодавство за да му се помогне на домашниот пазар на гориво. Нафтените компании ги одложија работите за одржување во рафинериите и ги користат резервите на гориво за да ја задоволат побарувачката. Релевантни измени на даночното законодавство се подготвени во координација со владата“, рече Новак.

    Бројни региони во Русија воведоа ограничувања во продажбата на гориво, додека растат цените на нафтените производи и се создаваат долги редици на бензинските пумпи.

    Весникот „Ведемости“ објави дека владата дури размислува за увоз на гориво, за што се разговарало на состанок со кој претседавал Новак.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира