Доналд Трамп изјави дека можеби никогаш нема да се дознае кој е виновен за смртоносниот напад врз школо за девојчиња во Иран, што се случи на првиот ден од американско-изреалските напади на 28 февруари. Според иранските власти, во нападот загинале повеќе од 175 ученички и наставници.
Како што објави „Ројтерс“ во март, првичната внатрешна воена истрага на САД покажала дека американските сили веројатно се одговорни за фаталниот напад во Минаб во јужен Иран. Пентагон оттогаш ја засили истрагата, но не објави никакви прелиминарни наоди.
„Не знам дали некогаш ќе се реши тој проблем во однос на тоа чија вина беше тоа. Имаше ракети што летаа насекаде. Ужасно е тоа што се случи, но ракети летаа насекаде. Некој рече дека тоа беше наша ракета, можеби не беше наша ракета, но не видов ништо што би ме навело да верувам дека беше. Не мислам дека бевме ние“, кажа Трамп.
Еден извор изјави за „Ројтерс“ дека нападот можеби бил резултат на застарени податоци за таргетирање.
Трамп првично тврдеше, без докази, дека Иран е одговорен, но во меѓувреме кажа дека не знае доволно за нападот, дека истрагата е во тек и дека никој намерно не го нападнал училиштето.



