КАНАДА ЌЕ ДЕБИТИРА НА ЕВРОВИЗИЈА ДОГОДИНА ВО БУГАРИЈА

    КАНАДА ЌЕ ДЕБИТИРА НА ЕВРОВИЗИЈА ДОГОДИНА ВО БУГАРИЈАБугарија првпат ќе биде домаќин на Евровизија (Фото: Фејсбук)

    Канада е третата неевропска држава која ќе учествува на Евровизија, а дебито ќе го има следната година во Бугарија, објавија организаторите.

    Ова стана можно минатата недела, откако канадскиот јавен радиодифузер „Си-Би-Си/Радио Канада“ стана полноправен член на Европската радиодифузна унија.

    Канада веќе имаше еден победник на Евровизија, Селин Дион во 1988, но како претставничка на Швајцарија. Во следните години, и други канадски музичари настапија на Евровизија под знамето на друга земја.

    Покрај Канада, учесници на Евровизија се и Израел и Австралија, додека Мароко имаше еден настап досега, во 1980 година.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира