Русија изведе голем напад со дронови и проектили врз Украина, при што загинаа најмалку 11 луѓе. Неколку населби беа евакуирани откако беа погодени згради низ градот, неколку часа по предупредувањето на претседателот Володимир Зеленски дека Русија спрема голем напад.
Шефот на воената управа на Киев, Тимур Ткаченко, изјави дека има и деца меѓу значителниот број жртви.
„Непријателот повторно намерно ги таргетира станбените области и убива цивили“, кажа Ткаченко.
Неколку пожари избувнаа низ градот, а оштетена е и амбулантна станица. Градоначалникот Витали Кличко изјави дека загинале најмалку 11 луѓе, а 54 се повредени, но бројките веројатно ќе растат во следните часови. Властите велат дека Русија лансирала десетици крстосувачки и балистички проектили.
Ова е прв голем напад врз Киев по повеќе од две недели и уследи по серија украински напади во длабочината на Русија, чија мета беа рафинерии и енергетска инфраструктура. Руското министерство за одбрана тврди дека нападнала воени и енергетски објекти како одговор на последните украински напади, по кои Владимир Путин призна дека има недостиг на гориво во земјата.



