ВО ТЕХЕРАН ПОЧНА ШЕСТДНЕВНАТА ПОГРЕБНА ЦЕРЕМОНИЈА ЗА УБИЕНИОТ АЈАТОЛАХ ХАМНЕИ

    ВО ТЕХЕРАН ПОЧНА ШЕСТДНЕВНАТА ПОГРЕБНА ЦЕРЕМОНИЈА ЗА УБИЕНИОТ АЈАТОЛАХ ХАМНЕИКовчегот на верскиот водач е положен и во Големата џамија Мосала, а голем број поддржувачи пристигнуваа на местото уште од зори. (Фото: АП)

    Во иранскиот главен град Техеран започнаа јавни церемонии за жалост за убиениот ирански врховен водач, ајатолахот Али Хамнеи, неколку месеци откако беше убиен во израелски воздушен напад на првиот ден од американско-израелската војна со Иран, а толпи се собраа кон местото на настанот уште од зори. Снимките од државната телевизија денеска го покажаа ковчегот на верскиот водач како лежи во Големата џамија Мосала, а голем број поддржувачи пристигнуваат на местото уште од зори.

    Церемониите се закажани да се одржат во текот на три дена во Техеран, пред телото на Хамнеи да биде однесено во градот за аџилак Ком и во Ирак. Поранешниот врховен водач потоа ќе биде погребан во неговиот роден град Машхад на 9 јули.

    Раководството на Исламската Република Иран ја подготви шестдневната комеморативна церемонија за убиениот Хаменеи, кој 37 години го имаше последниот збор во сите клучни државни прашања, придружена со силна политичка симболика и пораки за моќ кон целиот регион. Комеморациите за Али Хаменеи треба да прераснат во „најголемиот собир во историјата на главниот град“, изјави актуелниот градоначалник на Техеран, Алиреза Закани, за иранските медиуми.

    86-годишниот ајатолах беше убиен заедно со повеќе членови на неговото семејство во ракетни напади врз неговиот станбен и работен комплекс во центарот на Техеран. На првиот ден од иранската војна, која започна со нападите на САД и Израел врз Иран на 28 февруари, повеќе ракети биле истрелани кон комплексот. Сателитските снимки покажуваат значителни уништувања на објектот. Засега не е познато дали телата биле извлечени и во каква состојба се наоѓале.

    Церемониите на жалост, кои првично биле планирани за почетокот на март, мораа да бидат одложени поради војната. Дури по постигнувањето на кревко примирје меѓу Вашингтон и Техеран, иранските власти ги најавија погребните свечености.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира