Американскиот амбасадор Џес Бејли попладнево беше во делегацијата на Европската унија во Скопје, го забележа фоторепортерот на САКАМДАКАЖАМ.МК службеното возило на амбасадорот на САД паркирано пред ЕУ Инфо центарот во Скопје.
Од Кабинетот на евроамбасадорот Самуел Жбогар не ја потврдија оваа информација.
Од Амбасадата на САД во Скопје ни изјавија: „Амбасадорот Бејли како што беше планирано, се врати во Македонија вчера и од денеска ги извршува своите редовни работни обврски“.
Ниту Амбасадата на САД ниту делегацијата на ЕУ не ја коментираа природата на сребата помеѓу двајцата амбасадори.