РЕШЕНИЕТО НА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА Е ПОБЛИСКУ ОДОШТО ЛУЃЕТО СФАЌААТ, КАЖА ТРАМП ПРЕД САМИТОТ НА НАТО

    РЕШЕНИЕТО НА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА Е ПОБЛИСКУ ОДОШТО ЛУЃЕТО СФАЌААТ, КАЖА ТРАМП ПРЕД САМИТОТ НА НАТОНајмалку 28 лица загинаа во последниот руски напад врз Киев (Фото: ДПА)

    Доналд Трамп изјави дека решавањето на повеќе од четиригодишната војна во Украина е поблиску одошто луѓето сфаќаат и дека ќе зборува за Украина за време на самитот на НАТО во Турција оваа недела. Тој ги даде овие забелешки откако викендов разговараше и со Владимир Путин и со Володимир Зеленски, но не даде детали за своето уверување.

    Наспроти ова, Русија вчера повторно ги нападна Киев и околниот регион со ракети и дронови, при што загинаа најмалку 28 лица.

    Портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, изјави дека верува оти ставот на САД за тоа како да се реши конфликтот останува непроменет. Според Зеленски, САД и Трамп ја гледаат војната во ново светло по неодамнешните украински успеси.

    „Мислам дека се приближуваме кон решението многу повеќе отколку што луѓето сфаќаат. И претседателот Путин сака ова да заврши“, рече Трамп.

    Тој кажа дека имал добар разговор со Путин на 4 јули, за кој од Кремљ рекоа дека траел 85 минути.

    И Зеленски, всушност, сака војната да заврши сега. Ќе одиме во НАТО и ќе разговараме за тоа и мислам дека ќе го постигнеме тоа“, рече Трамп, кој треба да се сретне со Зеленски утре на маргините на самитот на НАТО во Анкара.

    И Зеленски го опиша неговиот телефонски разговор со Трамп како многу добар.

    Тој ми кажа дека на Украина ѝ оди многу добро со нападите со беспилотни летала врз руската нафтена индустрија и чувствувам дека сега гледа на конфликтот во ново светло. Претседателот Трамп сака да биде таму каде што има успех“, кажа Зеленски.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира