СЕРИСКИОТ УБИЕЦ ОД СТАРО НАГОРИЧАНЕ НЕ ГИ ПРИЗНАВА ДЕЛАТА, ОБВИНИТЕЛСТВОТО ЌЕ ДОКАЖУВА ДЕКА МОТИВОТ Е НЕКРОФИЛИЈА

    СЕРИСКИОТ УБИЕЦ ОД СТАРО НАГОРИЧАНЕ НЕ ГИ ПРИЗНАВА ДЕЛАТА, ОБВИНИТЕЛСТВОТО ЌЕ ДОКАЖУВА ДЕКА МОТИВОТ Е НЕКРОФИЛИЈАНа почетокот на рочиштето обвинетиот Бојковски само гледаше во таванот и испушташе неконтролирани звуци држејќи се за глава и не даде ни лични податоци, а потоа се изјасни за невин. (Фото: СДК.МК)

    Во Основниот суд Куманово денеска започна судскиот процес против Трајче Бојковски (25) од селото Драгоманце, обвинет за 4 убиства и два обиди за убиства на жени во повеќе села Општината Старо Нагоричане. На почетокот на рочиштето обвинетиот само гледаше во таванот и испушташе неконтролирани звуци, држејќи се за глава, а не даде ни лични податоци.

    Судијата заклучи дека обвинетиот не е во можност да одговара на прашањата на судот и воопшто не е комуникативен, па даде пауза за да провери дали е во можност да го продолжи судењето. Бојковски кажал дека се вознемирил поради присуството на камерите и јавноста, па откако се смири главната расправа продолжи.

    Во воведните зборови обвинителот Љубомир Лапе кажа дека мотивите за убиствоата се некрофилија, бидејќи обвинетиот откако ги убивал старите и беспомошни жени ги силувал.

    „Обвинителството се најде пред голем предизвик, да докажува случај како што немало во аналите на југословенската и македонската судска пракса. Мислам дека успешно одговоривме на предизвикот и во постапката ќе докажеме дека обвинетиот делата ги сторил од други ниски побуди и убил 4 жени и се обидел да убие уште 2. Обвинителството ќе изведе докази од кои ќе се утврдат сите факти од записниците за увид, местото на кривичните дела, ексхумација со обдукција и начинот на сторените дела, како и со ДНК анализа дека Трајче е сторител на кривичните дела. Психијатриското вештачење ќе ги утврди мотивите за убиството, како и сведочењата на преживеаните жртви. Од сите докази ќе се утврди дека Трајче за да ги задоволи своите полови страсти, мртвите жени кои од порано ги познавал, сами и немоќни, стари и заспани, влегол и ги напаѓал, ги удирал и давел, па откако ќе ги усмртел ги силувал. Во конкретниот случај, сметам дека правната квалификација е соодветна, а некрофилијата е доминантен мотив“, кажа Лапе.

    Во продолжение на рочиштето Бојковски се изјасни за невин, иако адвокатот му сугерираша да го призане делото

    „Не се чувствувам виновен и не ја признавам вината по наведените точки по обвнинението“, кажа Бојковски.

    По ова, бранителот му го откажа полномоштвото и судењето беше прекинато. На обвинетиот ќе му се назначи адвокат по службена должност, а наредното судење е закажано за 31 август.

    На расправата беа изведени материјалните докази на Обвинителството, а на наредното рочиште ќе бидат повикани сведоците-жени кои го преживеаја нападот на Бојковски.

    Бидејќи Бојковски со умисла лишил од живот повеќе лица, согласно член 123 став 3 од Кривичниот законик, му се заканува казна затвор од најмалку 10 години или доживотен затвор.

    С. НИКОЛИЌ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира