„ДИГЕР“ Е КУЛМИНАЦИЈА НА МОЈАТА 40-ГОДИШНА КАРИЕРА, РЕЧЕ ТОМ КРУЗ КОЈ НЕ ЛИЧИ НА СЕБЕ ВО НОВИОТ ФИЛМ НА ИЊАРИТУ

    „ДИГЕР“ Е КУЛМИНАЦИЈА НА МОЈАТА 40-ГОДИШНА КАРИЕРА, РЕЧЕ ТОМ КРУЗ КОЈ НЕ ЛИЧИ НА СЕБЕ ВО НОВИОТ ФИЛМ НА ИЊАРИТУКруз го игра Дигер Роквел, „најмоќниот човек на светот“, кој е на мисија да го спаси светот од еколошка катастрофа во комичната драма што ќе има светска премиера на почетокот на октомври. (Фото: Фокс)

    Том Круз е речиси непрепознатлив по лик во долгоочекуваниот нов филм на Алехандро Гонсалес Ињариту, „Дигер“, чиј трејлеризлезе вчера. Круз го игра Дигер Роквел, „најмоќниот човек на светот“, кој е на мисија да го спаси светот од еколошка катастрофа во комичната драма што ќе има светска премиера на почетокот на октомври.

    „Никогаш ништо не ме предизвикало на овој начин, ниту, пак, Алехандро, како кога почнавме да го снимаме филмот. Ова е сосема оригинален филм“, рече Круз на промоцијата на трејлерот. Во „Дигер игра нафтен магнат чија компанија можеби предизвикала еколошка катастрофа што би можела да доведе до нуклеарна војна.

    Круз неколку пати рече дека „Дигер“ е кулминација на неговата 40-годишна кариера и се чини дека тоа ќе биде клучната тема во во наредните месеци на промотивната кампања за филмот кој ќе конкурира и за оскарите 2027.

    Всушност, проектот е и отстапување од неговата неодамнешна историја и враќање во форма за актерот, кој изминатата деценија ја помина речиси исклучиво во светот на филмските франшизи. Неговиот „Топ Ган: Маверик“ со заработка од 1,49 милијарди долари „го спаси Холивуд“ (како што рече Стивен Спилберг), додека неговиот „Невозможна мисија“ ги помести границите на акционото снимање филмови и генерираше безброј наслови за посветеноста на Круз сам да ги изведува своите каскадерски сцени.

    Ова е прв филм на оскаровецот Ињариту од „Бардо“ од 2022, а играат и Џон Гудмен, Риз Ахмед, Мајкл Стулбарг, Џеси Племонс и Софи Вајлд.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира