Александар Вучиќ најави нова рокада на функциите, па кажа дека по годинашните вонредни избори во Србија повторно би сакал да биде премиер. Во интервјуто за „Фајненшл тајмс“, српскиот претседател најави дека изборите ќе се одржат до декември.
Вучиќ, кој со месеци им одолеваше на протестите во Србија, неодамна вети дека ќе поднесе оставка од функцијата претседател и дека ќе закаже вонредни парламентарни и претседателски избори.
„Имам намера да го исполнам тоа ветување. Најверојатно прво ќе имаме парламентарни избори, кои ќе бидат одржани до почетокот на декември. Планирам после изборите да се вратам на премиерската функција“, кажа Вучиќ.
Тој беше премиер на Србија од 2014 до 2017, кога беше избран за претседател на државата.



