Жителите на преспанското село Љубојно со традиционална локална софра на 18 јули ќе одбележат 50 години од изградбата на водоводот во ова село. Настанот е закажан во 17 часот. Првиот фестивал на локални производи и специјалитети „Преспанска софра“ ќе има продажен карактер, а посетителите ќе можат да вкусат автентична македонска храна. Дел до настанот ќе биде и вечерта со староградска музика.
Водоводот во Љубојно бил изграден во 1976 од жителите во организација на месната заедница кога претседател бил Петре Наумовски-Кичевски.
Жителите на Љубојно со протестите во 2025 против голата сеча на дрвјата од шумата над селото го заштитија и водоводот. Тогаш постоеше и страв од контаминација на водата за пиење во селскиот резервоар. Но, со протестите запре сечата, се спаси дел од шумата и не дојде до оштетување на водоводот.
Ж. ЗДРАВКОВСКА



