Пијан професионален возач кој без одобрени е превезувал дигална од 1,25 метри е уапсен утрово на автопатот Велес-Скопје, соопшти Министерството за внатрешни работи (МВР). Со алкотест е утврдено присуство на алкохол од 1,81 промили во крвта на 62-годишниот возач.
„Денеска во 08:40 часот на автопат Велес-Скопје од страна на полициски службеници од Мобилната единица за безбедност на сообраќајот на патиштата при Секторот за сообраќајни работи на МВР лишен од слобода е возач на товарно возило ‘волво’ со прилепски регистарски ознаки, кој вршел вонгабаритен превоз на работна машина (дигалка со ширина 275 см) без одобрение за вонреден превоз. Против возачот К.З.(62) од Прилеп се преземени соодветни мерки и ќе се соочи со законски предвидената санкција по чл.297-А од Кривичниот законик, безобѕирно управување со моторно возило како и прекршочна санкција по член 151 став 7 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, вршење на вонгабаритен превоз без одобрение и барање за поведување на прекршочна постапка по член 151 став 5 и 6 од Законот за безбедност во сообраќајот на патиштата (ЗБСП) за правно лице и одговорно во правно лице“, влат од МВР.
Од МВР велат дека сообраќајните контроли ќе продолжат и во наредниот период на територијата на цела држава.



