Неколкумина службеници во француската влада се отпуштени откако имале позитивен тест за дрога во рамките на новата програма за скрининг на министрите и високите државни службеници, изјави премиерот Себастијан Лекорну.
„Многу луѓе велат дека го направив ова за да дадам пример. Тоа е вистина. Но, го направив првенствено од безбедносни причини. Многумина од службениците кои биле тестирани имале пристап до исклучително чувствителни информации“, рече Лекорну.
Во средината на јуни, Лекорну нареди ненадејни задолжителни тестови за дрога преку плунка, што се однесуваше на членовите на владата, високите функционери и другиот персонал кој подлежи на безбедносен сертификат. Лекорну рече дека ова имало за цел да го зајакне кредибилитетот на владата во нејзината борба против криминалот поврзан со дрога.
„Тестирањето ќе продолжи на случајна основа, нема да биде еднократна мерка“, порача Лекорну.



