Цариниците во Грција на 27 јули ќе штрајкуваат, а границите ќе бидат затворени вкупно четири часа. Од 5 до 9 часот по македонско време (6 до 10 часот по грчко), сите гранични премини ќе бидат затворени. Штрајкот директно ќе ги опфати трите клучни гранични премини меѓу двете земји: „Евзони“ („Богородица“), „Дојрани“ (Дојран) и „Ники“ (Меџитлија).
За време на четиричасовната блокада, патничкиот сообраќај ќе се одвива под строг режим, додека за камионите и товарните возила ќе има целосна блокада за влез и излез од Грција.
„Во периодот од 05:00 до 09:00 часот по македонско време (06:00–10:00 часот по грчко време), на наведените гранични премини патничките возила ќе се пропуштаат на секои 10 минути додека товарниот сообраќај ќе биде целосно во прекин за влез и излез од Република Грција. Од страна на МВР ќе се преземат сите мерки и во функција ќе бидат ставени сите човечки и технички капацитети“, соопшти МВР.



