МИЛЕЈ ГО НАРЕЧЕ ЛУЛА КРАДЕЦ И ОСУДЕНИК, БРАЗИЛ ВЕДНАШ ГО ПОВЛЕЧЕ АМБАСАДОРOТ ОД АРГЕНТИНА

    МИЛЕЈ ГО НАРЕЧЕ ЛУЛА КРАДЕЦ И ОСУДЕНИК, БРАЗИЛ ВЕДНАШ ГО ПОВЛЕЧЕ АМБАСАДОРOТ ОД АРГЕНТИНАМилеј ги даде изјавите за време на собир во Сао Паоло за почетокот на претседателската кампања на десничарскиот кандидат Флавио Болсонаро за изборите во октомври. (Фото: Икс)

    Бразил го повлече својот амбасадор од Буенос Аирес откако аргентинскиот претседател Хавиер Милеј упати навреди кон бразилскиот претседател Луис Инасио Лула да Силва, нарекувајќи го крадец и осуденик.

    Милеј ги даде изјавите за време на собир во Сао Паоло за почетокот на претседателската кампања на десничарскиот кандидат Флавио Болсонаро за изборите во октомври.

    Без директно да го спомне името на Лула да Силва, аргентинскиот лидер зборуваше погрдно за бразилскиот претседател додека стоеше покрај Болсонаро, за кого додаде дека е единствениот кој може да го запре Лула.

    Бразилските дипломати соопштија дека аргентинскиот лидер ги навредил бразилската влада, нејзиниот народ и демократијата. Во реакцијата по собирот, Лула рече дека ќе продолжи да раководи без ничие мешање и дека Бразил не прифаќа никој да се меша каде што не му е местото.

    Флавио Болсонаро е син на поранешниот претседател Жаир Болсонаро, кој минатата година беше осуден на повеќе од 27 години затвор за планирање државен удар со цел да остане на власт по изборниот пораз од Лула.

    Аргентинскиот претседател упати навреди и кон судијата на бразилскиот Врховен суд, Александре де Мораес, кој ја водеше постапката за осуда на Жаир Болсонаро, нарекувајќи го ќелаво ѓубре. Мораес претходно не му дозволи на Милеј да го посети поранешниот претседател додека беше во домашен притвор во Бразилија.

    Во 2018 година, Лула беше осуден на 12 години затвор за голем скандал со корупција и поткуп, но беше ослободен откако одлежа малку повеќе од 18 месеци. Неговите пресуди беа поништени од Врховниот суд во 2021 година, а на претседателските избори следната година тој со тесна победа и 50,9 проценти од гласовите го совлада десничарот Жаир Болсонаро.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира