СО 12 МИЛИОНИ ЕВРА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДБРАНА ЌЕ ГИ РЕНОВИРА КАСАРНИТЕ НИЗ ЗЕМЈАВА

    СО 12 МИЛИОНИ ЕВРА МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ОДБРАНА ЌЕ ГИ РЕНОВИРА КАСАРНИТЕ НИЗ ЗЕМЈАВАВо касарната во Штип извршена е комплетна обнова на внатрешната инфструктура и на фасадата за што се вложени 100 милиони денари. Фото: СДК.МК)

    Со 12 милиони евра ќе се реновираат касарните низ земјава, најави министерот за одбрана Владо Мисајловски при посетата на касарната во Штип.

    „Касарната во Штип веќе добива нов реконструиран објект од 1.000 метри квадратни. Извршена е комплетна обнова на внатрешната инфструктура и на фасадата за што се вложени 100 милиони денари. Договорена е обнова и на покривот на војничкиот ресторан, ќе се адаптираат и хангарите, а се предвидуваат изградба и на нови“, рече Мисајловски.

    Прашан за меѓународната помош за модернизација на Армијата, Мисајловски рече дека сите планирани и договорени проекти се во фаза на реализација. Веќе се добиени првите возила со кои се модернизира возниот парк на Армијата, а наредниот месец ќе се адаптираат и други возила. Ќе пристигнат и два хеликоптери, а планот за модернизација предвидува набавка на нови современи системи и системи со поголема огнена моќ.

    Се очекува пристигување на 10 оклопни возила од Турција. Во завршна фаза е и тендерот за набавка на 4.000 униформи и исто толку чифта чизми.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира