ВЛАДАТА ПРОГЛАСИ 30-ДНЕВНА КРИЗНА СОСТОЈБА ВО ЦЕЛАТА ДРЖАВА ПОРАДИ ОПАСНОСТ ОД ПОЖАРИ

    ВЛАДАТА ПРОГЛАСИ 30-ДНЕВНА КРИЗНА СОСТОЈБА ВО ЦЕЛАТА ДРЖАВА ПОРАДИ ОПАСНОСТ ОД ПОЖАРИОрганите на државната управа добија задолжение целосно да ги стават своите ресурси на располагање и да постапуваат согласно регулативата за управување со кризи за брза реакција на терен. (архивска фотографија)

    Владата донесе одлука за прогласување кризна состојба на целата територија на државата во времетраење од 30 дена, почнувајќи од 1 август 2026 година, со цел справување со зголемениот ризик од пожари на отворен простор и шумски пожари.

    Како што соопштија од Владата, оваа мерка овозможува навремена координација и ефикасна реакција на терен, со целосно мобилизирање на институционалните капацитети за заштита на граѓаните, имотот и природните ресурси.

    Со одлуката се активира Главниот штаб при Центарот за управување со кризи, кој ќе заседава постојано. Во рок од 24 часа, штабот треба да подготви акциски план за превенција и справување со пожарите, преглед на сите материјално-технички и човечки ресурси, како и план за координирано дејствување на сите надлежни институции.

    Органите на државната управа добија задолжение целосно да ги стават своите ресурси на располагање и да постапуваат согласно регулативата за управување со кризи за брза реакција на терен.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира