АМБАСАДОРОТ ДИМИТАР БЛАЖЕВСКИ МУ ГИ ПРЕДАДЕ АКРЕДИТИВНИТЕ ПИСМА НА УКРАИНСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ ЗЕЛЕНСКИ

    АМБАСАДОРОТ ДИМИТАР БЛАЖЕВСКИ МУ ГИ ПРЕДАДЕ АКРЕДИТИВНИТЕ ПИСМА НА УКРАИНСКИОТ ПРЕТСЕДАТЕЛ ЗЕЛЕНСКИСвечената церемонија се одржа во претседателската палата со сите државнички почести. (Фото: СДК.МК)

    Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, вчера во Киев ги прими акредитивните писма од Димитар Блажевски, новоименуваниот вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Северна Македонија во Украина.

    Свечената церемонија се одржа во претседателската палата со сите државнички почести. Со предавањето на акредитивните писма, амбасадорот Блажевски официјално ја презеде функцијата шеф на македонската дипломатска мисија во Киев.

    Македонија е една од најголемите донатори на оружје и опрема на Украина според процентот од БДП.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира