НАЈМАЛКУ 67 ЗАГИНАТИ МИГРАНТИ ВО СЕУТА, ШПАНИЈА ПОСТАВУВА ПЛОВЕЧКИ БАРИЕРИ И БАРА ИТНА СЕДНИЦА ВО БРИСЕЛ

    НАЈМАЛКУ 67 ЗАГИНАТИ МИГРАНТИ ВО СЕУТА, ШПАНИЈА ПОСТАВУВА ПЛОВЕЧКИ БАРИЕРИ И БАРА ИТНА СЕДНИЦА ВО БРИСЕЛСо претходно евидентираните 30 жртви од почетокот на годинава, вкупниот број загинати лица кои во изминатите седум месеци пливајќи се обиделе да влезат во оваа шпанска ексклава достигна најмалку 97. (Фото: АНСА)

    Бројот на загинати мигранти кои се обидуваа по морски пат да стигнат до брегот на Сеута се искачи на најмалку 67 лица, откако нуркачки тимови, припадници на Граѓанската гарда и шпанската служба за спасување на море извлекоа нови тела. Со претходно евидентираните 30 жртви од почетокот на годинава, вкупниот број загинати лица кои во изминатите седум месеци пливајќи се обиделе да влезат во оваа шпанска ексклава достигна најмалку 97.

    Во меѓувреме, состојбата во ексклавата во Северна Африка ноќеска беше напната. Еден марокански мигрант бил прободен со нож од свој сонародник за време на расправија во близина на училиштето Андрес Манхон. Напаѓачот побегнал пред пристигнувањето на полицијата, а повредениот бил пренесен во болница.

    Истовремено, неколку десетици мигранти кои кампираа пред преполниот Привремен центар за престој на мигранти (ЦЕТИ), се обидоа насилно да влезат во објектот, уривајќи дел од заштитната ограда. Националната полиција интервенираше со силно присуство, формирајќи безбедносен кордон околу центарот, со што ја стави ситуацијата под контрола.

    Полициски извори наведуваат дека над 500 луѓе чекаат прием пред центарот, а од хуманитарни причини влез им е овозможен само на жени и деца. Извори од Министерството за внатрешни работи соопштија дека ноќта поминала мирно, приливот на мигранти целосно сопрел, а враќањата кон Мароко продолжиле без поголеми инциденти. Од околу 50.000 луѓе кои за малку повеќе од 24 часа влегоа во шпанската ексклава, речиси сите веќе се вратени на мароканска територија.

    Шпанскиот премиер Педро Санчес испрати писмо до европските институции во кое изрази сериозна загриженост поради реакцијата на одредени европски влади во врска со мигрантската криза во Сеута. Во писмото Санчез побара итна средба на министрите за внатрешни работи на земјите членки за да се дефинира заеднички одговор и да се потврди дека безбедноста на надворешните граници е заедничка одговорност на целата Унија.

    Од утрово започна и поставувањето на пловечки заштитни бариери во близина на пристаништето Тарахал во Сеута, со цел да се спречи влезот на мигранти по морски пат. Главниот елемент на новиот систем за заштита е пневматска бариера со должина од 500 метри, која се издигнува до 70 сантиметри над водата и е потопена на длабочина од еден метар, а објектот е надополнет и со линија закотвени бои обезбедени од шпанската морнарица.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира