РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ДВЕ ГОДИНИ НАПОРНА РАБОТА СТАНУВААТ ВИДЛИВИ, УСПЕСИТЕ ДОАЃААТ, КАЖА МИЦКОСКИ

    РЕЗУЛТАТИТЕ ОД ДВЕ ГОДИНИ НАПОРНА РАБОТА СТАНУВААТ ВИДЛИВИ, УСПЕСИТЕ ДОАЃААТ, КАЖА МИЦКОСКИМицкоски вели дека нивото на државниот долг во моментот е најниско од периодот по пандемијата со коронавирусот. (Фото: Влада)

    Премиерот Христијан Мицкоски вели дека резултатите од двегодишната работа на неговата влада полека, но сигурно стануваат видливи за граѓаните, а успесите и добрите времиња се пред нас.

    „И уште многу лоши вести за опозицијата во периодот што доаѓа, тоа се добри вести за граѓаните, односно успеси за државата, за општините и за граѓаните. И ние како Влада ќе продолжиме така да функционираме во периодот кој што следи. Така што, индикаторите на две години напорна работа полека, но сигурно стануваат видливи, успесите доаѓаат и добрите времиња се пред нас“, изјави Мицкоски, кој присуствуваше на доделување 47 станови за социјално загрозени категории граѓани во Дебар, одговарајќи на новинарско прашање за растот на индустриското производство.

    Како што кажа премиерот, во вториот квартал од годината е забележано намалување на државниот долг за над 40 милиони евра, а на јавниот долг за повеќе од 20 милиони евра. Тој вели дека нивото на државниот долг во моментот е најниско од периодот по пандемијата со коронавирусот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира