БЕЛАТА КУЌА И ТЕХНОЛОШКИТЕ ГИГАНТИ ВО СПОР КАКО ДА СЕ ОДГОВОРИ НА БРЗИОТ НАПРЕДОК НА КИНЕСКАТА ТЕХНОЛОГИЈА, САД ВЕЌЕ ВОВЕДОА ЗАБРАНА ЗА КИНЕСКИТЕ ХУМАНОИДНИ РОБОТИ

    БЕЛАТА КУЌА И ТЕХНОЛОШКИТЕ ГИГАНТИ ВО СПОР КАКО ДА СЕ ОДГОВОРИ НА БРЗИОТ НАПРЕДОК НА КИНЕСКАТА ТЕХНОЛОГИЈА, САД ВЕЌЕ ВОВЕДОА ЗАБРАНА ЗА КИНЕСКИТЕ ХУМАНОИДНИ РОБОТИИнформацијата дека во Кина е започнато масовно производство на специјализирани чипови за вештачка интелигенција предизвика пад на вредноста на акциите на глобалните производители за над еден трилион долари. (архивска фотографија)

    Напредокот во кинеската вештачка интелигенција, производството на чипови и роботиката предизвика бранувања на финансиските пазари и длабоки раздори меѓу американските технолошки лидери, додека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп бара соодветен одговор на новите предизвици.

    Најголемиот директен притисок врз Силициумската долина доаѓа од кинеските модели со отворен код кои се бесплатни за преземање, како што е „Кими К3“ на компанијата „Муншот АИ“. Овие модели нудат перформанси споредливи со производите на „ОпенАИ“ и „Антропик“, но без високите трошоци кои ги бараат американските ривали.

    Развојот на кинеската технологија го смени и односот на берзите. Информацијата дека во Кина е започнато масовно производство на специјализирани чипови за вештачка интелигенција предизвика пад на вредноста на акциите на глобалните производители за над еден трилион долари.

    Поделеноста околу ова прашање е видлива и во Белата куќа и во технолошкиот сектор. Од една страна, компаниите „ОпенАИ“ и „Антропик“ се соочуваат со финансиски притисок и тврдат дека кинеските модели претставуваат безбедносен ризик. Од друга страна, производителите на чипови гледаат можност за поголема заработка преку масовната употреба на технологијата, а стартап-компаниите бараат да не се ограничува пристапот до евтините модели.

    Секретарот за финансии Скот Бесент најави можност за воведување санкции против кинески компании поради наводи за кражба на интелектуална сопственост. Истовремено, водечки технолошки гиганти, меѓу кои „Мајкрософт“, „Нвидија“, „Палантир“ и „Мета“, побараа од законодавците да не воведуваат ограничувања за моделите со отворен код. Извршниот директор на „Енвидија“, Џенсен Хуанг, исто така лобираше во Конгресот против рестрикциите.

    Трамп вели дека властите мора внимателно да пристапат кон прашањето за регулација на секторот.

    „Мораме да бидеме претпазливи. Не сакаме да воведеме ограничувања и одеднаш да завршиме на второто место зад Кина. Познавам многу од овие луѓе и не сакам да ги спречувам во нивната работа“, изјави Трамп.

    Иако дебата за регулацијата на вештачката интелигенција сè уште трае, САД веќе презедоа конкретни чекори во секторот за роботика. Сојузната комисија за комуникации (ФЦЦ) изгласа забрана за увоз на хуманоидни роботи од кинески производители, како што е компанијата „Унитри“, оценувајќи ги како ризик за националната безбедност, сомневајќи се во можност за шпионажа и собирање податоци.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира