ПАЦИЕНТИТЕ ОД ГОСТИВАР СЕ НОСАТ ВО ТЕТОВО ЗА ОПЕРАЦИИ И ПОРОДУВАЊЕ, ОД ЗАГАДЕНАТА ВОДА ИМА ПРОБЛЕМ И СО СТЕРИЛИЗАТОРИТЕ

    ПАЦИЕНТИТЕ ОД ГОСТИВАР СЕ НОСАТ ВО ТЕТОВО ЗА ОПЕРАЦИИ И ПОРОДУВАЊЕ, ОД ЗАГАДЕНАТА ВОДА ИМА ПРОБЛЕМ И СО СТЕРИЛИЗАТОРИТЕДиректорот на Тетовската болница вели дека се целосно мобилизирани и им дават помош на сите. (Фото: СДК.МК)

    Поради проблеми со водата за пиење во Гостивар, пациентите кај кои треба да се извршат хируршки и гинеколошки интервенции се носат во Клиничката болница во Тетово. Директорот на Тетовската болница Ерзан Елези вели дека болницата за пациентите од Гостивар е отворена 24 часа и се примаат сите оние пациенти кој кои треба да се извршат посериозни хируршки интервенции.

    „Во последниов период најмногу пациенти од Гостивар имаме на одделенијата за хирургија, ортопедија, гинекологија и урологија. Тоа се пациенти кои кај нас се праќаат за хируршки операции и пациентки кои треба да се породат. Ова е поради тоа што во Гостивар имаат некои проблеми со стерилизацијата и со загадената вода. Паради ова сите вакви пациенти ги праќаат кај нас во Тетовската болница. Ние тука сме целосно мобилизирани и им даваме помош на сите, а нашите операциони сали се отворени 24 часа за сите пациенти, па и за тие од Гостивар“, вели директорот Елези.

    Според Елези, на 3 август тројца пациенти од Гостивар биле примени на одделението за ортопедија.

    Mинистерството за здравство соопшти дека епидемиолошката состојба во Гостивар континуирано се следи и дека на 3 август се регистрирани вкупно 78 прегледи, што е за шест помалку во споредба со претходниот ден, кога биле евидентирани 84 прегледи. Од почетокот на епидемијата на 19 јули, вкупно заразени се 4.762 лица.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира