ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА НА „МЕТА“ ХАКИРАЛА ДРУГА КОМПАНИЈА

    ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА НА „МЕТА“ ХАКИРАЛА ДРУГА КОМПАНИЈАОд „Мета“ не открија која е компанијата во чии системи навлегла ВИ (Фото: АП)

    Сопственикот на Фејсбук, Мета, стана последната технолошка фирма чиј модел на вештачка интелигенција (ВИ) успеал да се поврзе на интернет и да ги хакира системите на друга организација за време на тестирањето. Ова е четврти инцидент од ваков вид откриен од компаниите за ВИ.

    Слични пробиви извршени од модели на „ОпенАИ“ и „Антропик“ покренаа загриженост за сајбербезбедноста и доведоа до повици за построги заштитни мерки и поригорозно тестирање.

    Портпаролот на Мета изјави дека се истражува хакирањето, велејќи дека било предизвикано од погрешна конфигурација од страна на нејзиниот независен тестер. Тој го опиша она што се случило како слично на претходно пријавените инциденти во други фирми.

    Ќе објавиме повеќе информации за инцидентот откако ќе ги имаме сите факти“, рекоа од „Мета“.

    Оттаму не открија која е компанијата во чии системи навлегла ВИ преку искористување безбедносна слабост. Наведуваат дека за инцидентот дознале од партнерот кој го спроведувал тестирањето.

    Во изминатите две недели, лидерите во вештачката интелигенција „ОпенАИ“ и „Антропик“, исто така, признаа инциденти во кои нивни модели хакирале системи на други организации за време на тестирањето.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира