НАД 150 ПАТНИЦИ ЗАГЛАВИЈА НА АЕРОДРОМОТ ВО СОЛУН ОТКАКО ВО МОТОРОТ НА НИВНИОТ АВИОН БИЛА ПРОНАЈДЕНА ПТИЦА

    НАД 150 ПАТНИЦИ ЗАГЛАВИЈА НА АЕРОДРОМОТ ВО СОЛУН ОТКАКО ВО МОТОРОТ НА НИВНИОТ АВИОН БИЛА ПРОНАЈДЕНА ПТИЦАПатниците чекаа неколку часа пред да бидат информирани од авиокомпанијата дека летот е одложен од безбедносни причини (Фото: Катимерини)

    Повеќе од 150 патници останаа заглавени на аеродромот „Македониjа“ во Солун синоќа откако летот за Германија беше откажан поради пронајдена птица во еден од моторите на авионот.

    Летот беше закажан за раните вечерни часови, но патниците чекаа неколку часа пред да бидат информирани од авиокомпанијата дека е одложен од безбедносни причини.

    Инцидентот ги активираше стандардните безбедносни процедури, при што авиокомпанијата ги презеде потребните чекори за отстранување на птицата и за извршување технички преглед на авионот. Патниците беа информирани дека ќе летаат следниот ден.

    Немаше дополнителни информации за инцидентот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира