Тимот на „Лидл“ во Македонија продолжува да расте. Од почетокот на август, 17 нови вработени го стартуваа својот професионален пат во Логистичкиот центар на компанијата во Куманово, откако успешно го поминаа процесот на селекција. „Лидл“ активно продолжува со вработувања во логистичкиот центар и маркетите низ целата држава, соопшти компанијата.
„Веруваме дека долгорочниот успех на компанијата зависи од луѓето и затоа наша цел е да изградиме стабилен, професионален и посветен тим кој ќе расте заедно со ‘Лидл‘. Вложуваме во внимателен избор на кандидатите, во нивниот професионален развој и во создавање работна средина во која секој од нив ќе има можност да учи, да напредува и да се чувствува ценет“, изјави Теодора Хаџи-Димова-Танаскоска, директорка за човечки ресурси во „Лидл“ Северна Македонија.
Секој нов вработен минува низ јасно структуриран процес на воведување во работата. Oбуките траат од шест до осум недели, зависно од работната позиција и се насочени кон стекнување практични знаења и вештини, со постојана поддршка во текот на целиот период на обука.
Со над 400 вработени во земјава, „Лидл“ обезбедува стабилност и можност за кариерен развој во рамките на еден од најголемите европски малопродажни синџири. Работењето во „Лидл“ се темели на вредности како што се почит, доверба, високи перформанси, приземност и заедништво. Во таква работна средина секој вработен е важен дел од тимот, а учењето, развојот и меѓусебната поддршка се препознаени како основа за долгорочен успех.
Компанијата продолжува со вработувања и во наредниот период, а повеќе информации за отворените работни позиции и процесот на аплицирање се достапни на jobs.lidl.mk.



