СО ПОМОШ НА ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА СОЗДАДЕНИ СОСЕМА НОВИ ВИРУСИ

    СО ПОМОШ НА ВЕШТАЧКА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА СОЗДАДЕНИ СОСЕМА НОВИ ВИРУСИШеснаесетте нови вируси се создадени за да инфицираат бактерии и да не претставуваат закана за луѓето (Фото: Стенфорд)

    Вештачката интелигенција (ВИ) е користена за дизајнирање сосема нови вируси кои се целосно функционални и можат да се реплицираат во лабораторија, велат американските истражувачи. Ова е првпат цели геноми да бидат успешно дизајнирани од ВИ.

    Шеснаесетте нови вируси се создадени за да инфицираат бактерии и да не претставуваат закана за луѓето.

    Ова е означено како многу значајна пресвртница во науката, што би можело да отвори нова ера во лекувањето болести. Но, експертите исто така предупредија дека вирусите дизајнирани од вештачка интелигенција покренуваат итна загриженост за безбедноста.

    Алатките за ВИ брзо напредуваат и веќе се користат за дизајнирање нови антибиотици. Но, тоа е релативно едноставно во споредба со дизајнирање нов одржлив вирус од нула.

    Ова е првпат генеративната вештачка интелигенција да се користи за дизајнирање комплетен геном. Тоа е нешто што може да се реплицира и да има други функции во клетките. Ова беше нова територија за нас“, изјави Брајан Хи, доцент на Универзитетот Стенфорд.

    Моделите на ВИ биле обучени од генетски кодови од вируси, бактерии, растенија и луѓе. Потоа биле рафинирани за да произведат еден вид вирус, познат како бактериофаг, кој инфицира само специфични видови бактерии.

    Истражувачите од Стенфорд ги избрале најперспективните 302 дизајни на ВИ и ги синтетизирале во лабораторија. Од нив, 16 се покажале ефикасни во убивањето на бактериите ешерихија коли.

    Овој напредок укажува на способноста на вештачката интелигенција да дизајнира нова биологија што оди подалеку од природниот свет, позната како синтетичка биологија. Се тврди дека ВИ има потенцијал масовно да го подобри здравјето на луѓето преку развој на нови лекови и терапии, но се појавија и грижи дека истата технологија би можела да се користи злонамерно, за создавање нови болести.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира