ДЕСЕТ ТИНЕЈЏЕРИ ПРЕТЕПАЛЕ ДО СМРТ 37-ГОДИШНИК ВО ПЛОВДИВ, ГО НАМАМИЛЕ ПРЕКУ ИНТЕРНЕТ ДА СЕ СРЕТНЕ СО 15-ГОДИШНИЧКА

    ДЕСЕТ ТИНЕЈЏЕРИ ПРЕТЕПАЛЕ ДО СМРТ 37-ГОДИШНИК ВО ПЛОВДИВ, ГО НАМАМИЛЕ ПРЕКУ ИНТЕРНЕТ ДА СЕ СРЕТНЕ СО 15-ГОДИШНИЧКАИстражителите велат дека тинејџерите имитирале група на ловци на педофили (Фото: СДК.МК)

    Десетмина тинејџери на возраст од 14 до 17 години се уапсени во врска со убиството на 37-годишен маж во Пловдив, објави Канцеларијата на регионалното обвинителство на Пловдив. Обвиненија ќе бидат покренати против петмина од нив – три момчиња и две девојки, за кои ќе се бара траен притвор.

    Истражителите велат дека тие имитирале група на ловци на педофили.

    Убиството се случило на 4 август. Жртвата била пронајдена околу 17:20 часот во подножјето на популарниот Младински рид со видливи знаци на сериозно насилство по телото. Тој бил превезен во болница, каде што починал по неколку часа.

    Обвинителката Анелија Трифонова изјави дека злосторството било извршено на особено суров начин, мотивирано од хулиганизам и сексуални мотиви.

    Била договорена средба преку социјалните мрежи помеѓу жртвата и девојка која се претставувала како 15-годишничка, а всушност имала 17 години. Жртвата се здобила со исклучително тешки повреди, вклучувајќи руптури на белите дробови, црниот дроб и бубрезите и трауматски повреди на мозокот“, рече Трифонова.

    Шефот на полицијата на Пловдив, Васил Костадинов, рече дека тинејџерите ја намамиле жртвата на состанок, со намера да го земат законот во свои раце преку насилство.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира