Штип денеска околу 16 часот го зафати големо невреме со силен ветер над 100 километри на час и пороен дожд што траеше повеќе од еден час. На повеќе места има штети, но најпогоден беше центарот на градот каде летнаа кровни конструкции.
Од паднати дрвја се оштетени автомобили, а ветерот ја откорна и заштитната и украсната фасада на стоковната куќа „Идеал“ (таканаречената На-Ма). Засега нема информации за повредени, но штетИте се очигледни и според првичните проценки се помали од оние во невремето на 21 јули.
Поучени од претходното невреме и овој пат комуналните претпријатија веднаш излегоа на терен и го расчистуваа градот и не дозволија подолго време на места да ма застој во сообраќајот. Итна седница закажа и Кризниот штаб на Општина Штип, кој до крајот на денов и утре ќе има увид во штетите.
Т. ЈОВАНОВСКИ



