ПАРЧИЊА МОТОР ГО СКРШИЛЕ ПРОЗОРЕЦОТ НА АВИОНОТ НА „РАЈАНЕР“ НИЗ КОЈ ЌЕ ИЗЛЕТАШЕ ПАТНИК ОД СРБИЈА, ВО МОТОРОТ ПРОНАЈДЕНИ ПТИЦИ

    ПАРЧИЊА МОТОР ГО СКРШИЛЕ ПРОЗОРЕЦОТ НА АВИОНОТ НА „РАЈАНЕР“ НИЗ КОЈ ЌЕ ИЗЛЕТАШЕ ПАТНИК ОД СРБИЈА, ВО МОТОРОТ ПРОНАЈДЕНИ ПТИЦИВо инцидентот настрадал 61-годишниот Љубиша Каровиќ, кого сопругата и други патници го држеле за нозете за да не излета од авионот (Фото: Радио Солун)

    Откинати парчиња мотор скршија прозорец на авионот на „Рајанер“ минатиот месец, при што главата и десното рамо на еден патник излегле надвор среде лет, соопштија американските истражители. Националниот одбор за безбедност на сообраќајот (НТСБ) извести дека ова се случило откако перка од вентилаторот на моторот се скршила кратко по полетувањето од Солун на 10 јули.

    Авионот патувал за Меминген во Германија, кога биле забележани проблеми за време на летот над Македонија. Во инцидентот настрадал 61-годишниот српски државјанин Љубиша Каровиќ, кого сопругата и други патници го држеле за нозете за да не излета од авионот, при што се здобил со сериозни повреди.

    Авионот ‘боинг 737-800‘ што летал од Солун до Меминген доживеал дефект на вентилаторот на десниот мотор при искачувањето. Екипажот одлучил да се врати на меѓународниот аеродром во Солун, каде што слетале без никакви проблеми“, соопшти НТСБ.

    Истражителите пронашле остатоци од птици во моторот, што укажува дека авионот можеби удрил во птици за време на полетувањето, иако не е утврдено што довело до олабавувањето на перката на вентилаторот.

    Во извештајот се вели дека пилотите ја намалиле моќноста на моторот и извршиле серија проверки откако добиле предупредување за високи вибрации на моторот за време на искачувањето. Кога вибрациите престанале, авионот продолжил да се искачува на автопилот. Но, вибрациите на моторот потоа се засилиле и екипажот слушнал гласен тресок, што ги натерало да прогласат вонредна состојба и да започнат со спуштањето.

    Стјуардесите им рекле на истражителите дека слушнале и почувствувале гласни, континуирани вибрации и виделе чад или магла како ја исполнува кабината, пред маските за кислород да паднат од таванот. Потоа слушнале како еден патник бара помош и го виделе делумно излезен низ скршениот прозорец.

    Моторот бил подложен на ултразвучни инспекции во мај оваа година, при што не биле утврдени оштетувања, се наведува во извештајот.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира