ЧЕТВОРИЦА ПЛАНИНАРИ ОД КЛУБОТ „ЉУБОТЕН“ ЗА 8 ДЕНА ГО ИСКАЧИЈА МОН БЛАН И УШТЕ ДВА ВРВА НАД 4.000 МЕТРИ НА АЛПИТЕ

    ЧЕТВОРИЦА ПЛАНИНАРИ ОД КЛУБОТ „ЉУБОТЕН“ ЗА 8 ДЕНА ГО ИСКАЧИЈА МОН БЛАН И УШТЕ ДВА ВРВА НАД 4.000 МЕТРИ НА АЛПИТЕОд Тетовскиот клуб во експедицијата учествуваа Надир Мурсели како водич и организатор, Јована Богоеска, Исак Синџировски и Александар Димитриевски. (Фото: ПК „Љуботен“)

    За само осум дена, од 2 до 10 август, четтворица членови на Планинарскиот клуб „Љуботен“ од Тетово и учесници од други клубови, се искачија на највисокиот врв на Алпите и во Европа, Мон Блан, на 4.810 метри надморска височина, а ги освоија и Брајтхорн (4.164) и Бишорн (4.153).

    Од Тетовскиот клуб во експедицијата учествуваа Надир Мурсели како водич и организатор на експедицијата, Јована Богоеска, Исак Синџировски и Александар Димитриевски, а во групата што се искачи на овие врвови беа и Никола Андоноски и Стоилко Стоичев од Планинарскиот клуб „Македон“ од Скопје, Слободан Димовски од Алпинистички клуб „Велесин“, Алма Халиловиќ и Аида Малишевиќ од Планинарско друштво „Височица“ од Сараево.

    Мурсели вели дека најголемиот предизвик при искачувањето на овие врвови било искачувањето на Мон Блан, но не поради тежина на патеката и висината на врвот, туку поради климатските услови кои владееле во овој период од годината.

    „Температурите односно термафростот предизвикуваа големи одрони на камења. Симнувањето од планината беше многу опасно. Среќен сум што сè добро заврши. Како главен водич мене најбитна ми беше безбедноста на учесниците. Успеавме со оваа акција да искачиме три врвови над 4.000 метри на Алпите, а сите учесници беа спремни и мотивирани“, вели Мурсели.

    Искусниот планинар и алпинист Мурсели не случајно е поставен за водич на групата планинари, бидејќи веќе четири пати се искачил на Мон Блан.

    „Ова ми беше по 5. пат да се искачам на Мон Блан, но воедно и последен пат. Со тешко срце се простувам од оваа рута што ја знам и ја искачувам последните 30 години. Ризикот и условите кои владеат на планината веќе се преголеми за мене и од таа причина решив да се повлечам. Секако, остануваат спомените од убавите дружења и фотографиите од врвот“, вели тој.

    За реализација на оваа мошне тешка и скапа алпинистичка тетовските планинари добиле поддршка од повеќе приватни фирми од Тетово и Гостивар.

    З. АНДОНОВ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира