БРИТАНСКА БРАЧНА ДВОЈКА ЗАГИНА ВО ХЕЛИКОПТЕРСКА НЕСРЕЌА НА МЕДЕН МЕСЕЦ ВО ГРЦИЈА

    БРИТАНСКА БРАЧНА ДВОЈКА ЗАГИНА ВО ХЕЛИКОПТЕРСКА НЕСРЕЌА НА МЕДЕН МЕСЕЦ ВО ГРЦИЈАПриватниот хеликоптер се урна и предизвика пожар во областа Толос на егејскиот остров Сифнос. (Фото: СДК.МК)

    Британска брачна двојка загина во хеликоптерска несреќа додека го славше медениот месец во Грција. Алекс Кроми и неговата сопруга Мари Еберт, како и нивниот пилот Јоргос Раикос, загинаа кога приватниот хеликоптер се урна и предизвика пожар во областа Толос на егејскиот остров Сифнос.

    Хеликоптерот „бел 206“ полета во близина на главниот град на 16 август, објави атинскиот весник „Та неа“, но откако пилотот изјави дека се подготвува за слетување, завладеа радио тишина.

    Локалните медиуми објавија дека хеликоптерот нагло изгубил висина и се запалил по падот, а снимките на социјалните мрежи прикажуваат чад што се издига од остатоците на леталото. Службите за итни интервенции биле повикани на местото на настанот околу 18:15 часот. Портпарол на британското Министерство за надворешни работи изјави се обезбедува конзуларна поддршка во контакт со грчките власти.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира