ОД ПЕЛИСТЕР ЗАПОЧНА ПРВИОТ ГЕНЕТСКИ МОНИТOРИНГ НА КАФЕАВАТА МЕЧКА ВО МАКЕДОНИЈА

    ОД ПЕЛИСТЕР ЗАПОЧНА ПРВИОТ ГЕНЕТСКИ МОНИТOРИНГ НА КАФЕАВАТА МЕЧКА ВО МАКЕДОНИЈАВработените во Националниот парк „Пелистер“ се запознаа со неинвазивниот метод на мониторинг преку собирање примероци од измет, при што обуката опфати правилно собирање, обележување, чување и евидентирање на примероците.(Фото: НП „Пелистер“)

    Во Националниот парк (НП) „Пелистер“ се одржа првата работилница за генетски мониторинг на кафеавата мечка, како значаен чекор кон добивање попрецизни податоци за нејзината бројност и распространетост во Македонија. Вработените во Националниот парк се запознаа со неинвазивниот метод на мониторинг преку собирање примероци од измет, при што обуката опфати правилно собирање, обележување, чување и евидентирање на примероците.

    За спроведување на мониторингот беа обезбедени и специјализирани прибори за теренска работа. Генетскиот запис е единствен за секоја мечка.

    Анализата на собраните примероци ќе овозможи идентификација на поединечни единки и добивање попрецизни информации за бројноста, распространетоста и генетската разновидност на популацијата на кафеавата мечка. Овие податоци се од особено значење за планирање на идните мерки за заштита и за одржливо управување со популацијата на кафеавата мечка.

    Активноста се реализира во рамките на проектот „LIFE DinPin Bear“, кофинансиран преку програмата „Лајф“ на Европската Унија, во соработка со Македонското-еколошко друштво и Министерството за животна средина и просторно планирање.

    Ж. ЗДРАВКОВСКА

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира