НАЈМАЛКУ 12 ЗАГИНАТИ ВО МАСИВЕН РУСКИ НАПАД НА КИЕВ, УКРАИНА ИМА НЕДОСТИГ НА СИСТЕМИ ЗА ПРОТИВВОЗДУШНА ОДБРАНА

    НАЈМАЛКУ 12 ЗАГИНАТИ ВО МАСИВЕН РУСКИ НАПАД НА КИЕВ, УКРАИНА ИМА НЕДОСТИГ НА СИСТЕМИ ЗА ПРОТИВВОЗДУШНА ОДБРАНАВо неколку окрузи се оштетени станбени згради и други објекти, при што се искршени прозорците на детска болница, а на повеќе локации избувнале пожари. (Фото: ДПА)

    Во серијата руски ракетни напади извршени во текот на ноќта загинаа најмалку 12 лица во главниот град Киев и во околниот регион, соопштија украинските власти. Градоначалникот Виталиј Кличко на Телеграм објави дека во неколку окрузи се оштетени станбени згради и други објекти, при што се искршени прозорците на детска болница, а на повеќе локации избувнале пожари.

    Властите работат на спасување на луѓето заробени под урнатините на уништените згради, а спасувачките екипи веќе извлекле двајца преживеани. Кличко изјави дека неколку лица останале заробени во засолниште за време на воздушен напад, додека други биле заробени во станбена зграда.

    Во текот на ноќта беа издадени предупредувања за воздушни напади низ голем дел од Украина, при што украинските воздухопловни сили предупредија за балистички и крстосувачки ракети, како и на беспилотни летала.

    Во меѓувреме, Романија соопшти дека едно беспилотно летало навлегло на нејзината територија преку северната граница со Украина, што активирало сирена за тревога. Ранно утрово, „беспилотно летало навлезе во романскиот национален воздушен простор, на околу 13 километри источно од градот Галац“, соопшти романското Министерство за одбрана. Леталото се урнало во „ненаселена област“, ​​предизвикувајќи помал пожар кој бил изгаснат.

    Полската војска исто така соопшти дека започнала „одбранбени воздушни операции“ за заштита на својот воздушен простор, имајќи предвид дека земјата дели дел од својата југоисточна граница со Украина.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира