ЗАВРШИ РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА УЛИЦАТА БОРИС КИДРИЧ ВО ШТИП НА КОЈА ПОСТОЈАНО ИМАШЕ ДЕФЕКТИ И ГРАЃАНИТЕ ОСТАНУВАА БЕЗ ВОДА

    ЗАВРШИ РЕКОНСТРУКЦИЈАТА НА УЛИЦАТА БОРИС КИДРИЧ ВО ШТИП НА КОЈА ПОСТОЈАНО ИМАШЕ ДЕФЕКТИ И ГРАЃАНИТЕ ОСТАНУВАА БЕЗ ВОДАРеконструкцијата чини 200.000 евра.(Фото:Општина Штип)

    До крајот на неделава ќе биде завршена реконструкцијата на улицата Борис Кидрич во Штип, која го поврзува градот од реката Брегалница до реката Отиња. На оваа улица постојано имаше дефекти на водоводната и канализационата мрежа, а граѓаните со часови остануваа без вода за пиење, затоа што се работеше на остранување на дефектите. Во должина од 100-150 метри каде  инфраструктурата беше стара повеќе од 100 години, речиси секој трети ден се случуваа пукање на канализационите или водоводните цевки, па на остранувањето на дефектите се работеше со денови.

    Од Општината велат дека веќе е завршена комплетната реконструкција на подзменаната инфраструктура и за ден-два по ставањето и на вториот слој асфалт, улицата ќе биде пуштена.

    Градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов вели дека ова е мошне значаен проект не само за жителите кои се околу оваа сообраќајница, туку и за сите останати граѓани затоа што оваа улица е една од главните клучки на поврзување на градот од влезот во Штип до центарот на градот.

    „Овој дел од улицата Борис Кидрич се затвори за сообраќај на 21 јули и веднаш започна нејзината реконструкција. Проектот чини 12 милиони денари (200.000 евра), но вреди затоа што се работи за мошне значајна улица во потесното централно подрачје на Штип. Граѓаните заслужуваат улица со нова подземна водоводна и каналацизациона мрежа“, вели Јорданов.

    Т. ЈОВАНОВСКИ

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира