ГЕРМАНИЈА И ПЕТ ДРУГИ ЗЕМЈИ ОД ЕУ БАРААТ ВОНРЕДЕН ДАНОК ЗА НАФТЕНИТЕ КОМПАНИИ ПОРАДИ ВИСОКИТЕ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА

    ГЕРМАНИЈА И ПЕТ ДРУГИ ЗЕМЈИ ОД ЕУ БАРААТ ВОНРЕДЕН ДАНОК ЗА НАФТЕНИТЕ КОМПАНИИ ПОРАДИ ВИСОКИТЕ ЦЕНИ НА ГОРИВАТАИницијативата за оданочување на екстра профитот на нафтените компании во ЕУ е на германскиот министер за финансии Ларс Клингбајл. (Фото: ДПА)

    Германскиот министер за финансии Ларс Клингбајл покрена иницијатива на ниво на Европската Унија за воведување данок на екстра профит за нафтените компании како одговор на високите цени на горивата. Во заедничкото писмо, објавено во саботата, Клингбајл и неговите петмина европски колеги бараат оданочување на зголемените профити на нафтените компании остварени како последица од војната во Иран.

    Писмото е адресирано до министерот за финансии на Ирска, земја која во моментов претседава со Советот на ЕУ, а иницијативата ја поддржаа министрите за финансии од Португалија, Шпанија, Австрија, Италија, Полска и Германија. Министрите бараат ова прашање да биде ставено на дневен ред на состанокот на економските и финансиските министри на ЕУ во Даблин во средината на септември.

    Во писмото стои дека светот се соочува со еден од најголемите шокови во снабдувањето во изминатите децении, додека незадоволството од зголемените животни трошоци расте насекаде. Според потписниците, досегашните владини мерки не биле доволни за трајно намалување или стабилизирање на цените за бизнисите и граѓаните, поради што е потребен заеднички европски пристап за оние што профитираат од кризата да го понесат својот дел од товарот.

    Министрите бараат да се отвори дискусија за воспоставување европска рамка за оданочување на неочекуваните добивки, со цел да се извлечат поуки за поефикасно таргетирање на профитите на нафтените компании.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира