ГОЛЕМ ПОЖАР КАЈ ДЕЛЧЕВСКОТО СЕЛО БИГЛА ПРЕДИЗВИКАН ОД ПАЛЕЊЕ ГУМИ, ВО ГАСНЕЊЕТО ВКЛУЧЕНИ ТРИ ЕР ТРАКТОРИ И ХЕЛИКОПТЕР

    ГОЛЕМ ПОЖАР КАЈ ДЕЛЧЕВСКОТО СЕЛО БИГЛА ПРЕДИЗВИКАН ОД ПАЛЕЊЕ ГУМИ, ВО ГАСНЕЊЕТО ВКЛУЧЕНИ ТРИ ЕР ТРАКТОРИ И ХЕЛИКОПТЕРЗа справување со огнената стихија од воздух се упатени три противпожарни авиони Ер трактор од Дирекцијата за заштита и спасување, како и хеликоптер на полицијата. - Стојанче Ангелов (архивска фотографија)

    Голем шумски пожар зафати борова шума во атарот на делчевското село Бигла, откако несовесен жител палел гуми во сопствениот двор и изгубил контрола врз пламенот. Огнот брзо се проширил кон околната шума, по што веднаш беа активирани сите противпожарни капацитети од Делчево, заедно со екипи од соседните противпожарни единици.

    Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, соопшти дека селото Бигла е од разбиен тип со куќи распоредени на неколку ридови, што претставува дополнителен ризик. За справување со огнената стихија од воздух се упатени три противпожарни авиони Ер трактор од Дирекцијата за заштита и спасување, како и хеликоптер на полицијата.

    На теренот е мобилизирана и тешка градежна механизација составена од трактори и булдожери, ангажирани од локалната самоуправа. Нивна примарна цел е пробивање на заштитни противпожарни пресеци меѓу огнената линија и населените места, со што треба да се спречи директна опасност за селските куќи.

    При првичните обиди за локализирање на пламенот, лицето кое го предизвикало пожарот, еден пожарникар и уште еден припадник на ангажираните екипи вдишале поголема количина чад, по што превентивно биле пренесени на лекарски преглед.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира