ГОЛЕМ АМЕРИКАНСКИ ВОЕН АВИОН СЛЕТА ВО МОСКВА, КРЕМЉ ВЕЛИ ДЕКА НЕМА ИНФОРМАЦИИ

    ГОЛЕМ АМЕРИКАНСКИ ВОЕН АВИОН СЛЕТА ВО МОСКВА, КРЕМЉ ВЕЛИ ДЕКА НЕМА ИНФОРМАЦИИАвионот „боинг глоубмастер“ летал од Рига, Латвија (Фото: американска војска)

    Американски воен транспортен авион слета на московскиот аеродром „Внуково“ денеска, покажаа податоците од сајтот за следење летови „Флајтрадар24“. Големиот „боинг глоубмастер“ летал од Рига, Латвија.

    Кремљ соопшти дека нема информации за авионот.

    Авионот пристигнал во Рига на 23 август од воздухопловната база Кемп Спрингс во близина на Вашингтон.

    Последниот директен лет на американски авион од Европа до Русија се случи во јануари оваа година, кога специјалните пратеници Стив Виткоф и Џаред Кушнер пристигнаа за разговори за Украина.

    Кремљ минатата недела соопшти дека нема информации за уште една посета на Кушнер и Виткоф бидејќи разговорите помеѓу САД и Русија за Украина во голема мера се заглавени поради војната во Иран.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира