Водата во неколку села во близината на Тетово не е за пиење, соопшти тетовското јавно комунално претпријаие (ЈКП) „Шар“.
„Се информираат сите жители на селата Порој, Џепчиште, Голема Речица и Мала Речица од гробиштата во Мала Речица до Голема Речица дека, по извршените анализи за квалитетот на водата, е утврдено дека водата не ги исполнува условите за употреба како вода за пиење. Поради тоа, се забранува користење на водата за пиење сè до следното известување од надлежните институции”, соопшти „Шар“.
„Шар“ не е надлежно за водоснабдувањето на овие сел, бидејќи тие не се снабдуваат со вода од градскиот водоснабдителен систем на Тетово со кој управува претпријатиеото. Но, како што велат, поради важноста на ситуацијата и заради заштита на јавното здравје, се повикуват сите жители да ја почитуваат забраната и да не ја користат водата за пиење, сè до добивање резултати кои ќе потврдат дека водата е безбедна за употреба.
З. АНДОНОВ



