РУСИЈА ПЛАНИРА НОВА КОПНЕНА ОФАНЗИВА НА КИЕВ, ВЕЛИ УКРАИНА

    РУСИЈА ПЛАНИРА НОВА КОПНЕНА ОФАНЗИВА НА КИЕВ, ВЕЛИ УКРАИНАВо вчерашниот руски напад близу Киев загинаа 38 луѓе (Фото: АП)

    Украина има разузнавачки информации дека Русија планира нови копнени офанзиви кон Киев и Чернигов. Павло Палиса, заменик-шеф на кабинетот на Володимир Зеленски, изјави дека руските воени заповедници добиле задача од Кремљ да планираат и подготват напади врз двата града.

    „Сè уште нема докази дека руските трупи собираат сили за да ги извршат нападите. Приоритет на Украина е да спречи создавање услови за какви било руски офанзивни акции“, кажа Палиса.

    Руските сили се обидоа да го заземат Киев на почетокот на целосната инвазија во февруари 2022, но на крајот беа принудени на повлекување.

    Коментарите на Палиса следуваат по извештаите дека Русија подготвува мобилизација на 600.000 војниви зашто сега губи повеќе војници отколку што може да регрутира.

    Полскиот премиер Доналд Туск посочи дека Русија ја ескалира војната, додавајќи дека следните шест месеци ќе бидат одлучувачки и дека Полска и НАТО мора да бидат спремни за различни сценарија.

    Во исто време, украинското министерство за одбрана соопшти дека Русија се подготвува да лансира големи напади врз енергетската инфраструктура на Украина.

    Целта на Путин е да ја заземе целата украинска територија, да ја уништи украинската државност и тоа да го претстави како историски придонес во развојот на руската држава“, изјави украинскиот министер за одбрана Евгени Хмара.

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира