„ПИВАРА СКОПЈЕ“ ОТВОРИ КАТНА КАРАЖА СО 400 ПАРКИНГ МЕСТА ЗА ВРАБОТЕНИТЕ, ЧИНИ 2,8 МИЛИОНИ ЕВРА

    „ПИВАРА СКОПЈЕ“ ОТВОРИ КАТНА КАРАЖА СО 400 ПАРКИНГ МЕСТА ЗА ВРАБОТЕНИТЕ, ЧИНИ 2,8 МИЛИОНИ ЕВРАНовата катна гаража се простира на 8.880 квадратни метри, распоредени на три нивоа, располага со унапреден систем за управување со сообраќајот, подобрена сигнализација и осветлување. (Фото: Пивара Скопје)

    „Пивара Скопје“ денеска ја пушти во употреба новата катна паркинг гаража, која обезбедува повеќе од 400 паркинг места и ја подобрува пристапноста и сообраќајната организација во рамки на производствениот комплекс. Изградбата на катната гаража чинеше 2,8 милиони евра. Инвестицијата е дел од е дел од континуираните инвестиции и одговара на растечките потреби на компанијата и нејзините вработени преку поефикасно искористување на просторот, поголема функционалност и подобрена оперативна ефикасност.

    „Во ‘Пивара Скопје‘ веруваме дека вистинскиот успех на една компанија не се мери само преку деловните резултати, туку и преку вредноста што ја создава за луѓето и за заедницата. Како една од водечките компании во земјата, континуирано инвестираме во модернизација, иновации и развој на нашите вработени, а истовремено придонесуваме за економскиот и општествениот развој преку бројни локални партнерства и иницијативи. Новата катна гаража е многу повеќе од инфраструктурен објект. Таа е уште една потврда на нашата долгорочна посветеност да создаваме подобри услови за работа, да ги следиме највисоките стандарди за безбедност и да инвестираме во решенија кои носат трајна вредност за нашите вработени, заедницата и идните генерации“, изјави Огњен Лазиќ, генерален директор на „Пивара Скопје“.

    Градоначалникот на Општина Гази Баба Бобан Стефковски рече дека Општина е силен партнер на бизнис-секторот и посветено работи на создавање услови за локален економски развој, нови инвестиции и отворање нови можности за граѓаните.

    „Соработката со успешните компании и бизнис-партнери е од особено значење за развојот на општината. Нашата цел е да градиме отворена и ефикасна општина која ги препознава потребите на стопанството и заеднички создава подобра средина за живеење и работење. Честитки до Пивара Скопје за оваа инвестиција и за продолжувањето на успешната приказна. Верувам дека со заедничка работа можеме да направиме Гази Баба да биде уште подобро место за бизнис, инвестиции и нови можности“, изјави градоначалникот Стефковски.

    Новата катна гаража се простира на 8.880 квадратни метри, распоредени на три нивоа. Објектот располага со унапреден систем за управување со сообраќајот, подобрена сигнализација и осветлување, посебно обележани пешачки и велосипедски патеки, современ систем за противпожарна заштита и енергетски ефикасно ЛЕД-осветлување. Изградена согласно сите релевантни безбедносни и еколошки стандарди, гаражата е подготвена да ги поддржи идните развојни планови на компанијата.

    Со оваа инвестиција, „Пивара Скопје“ продолжува да вложува во современа инфраструктура и решенија што создаваат долгорочна вредност, придонесуваат за подобри услови за работа, го поддржуваат идниот раст на компанијата и ја зацврстуваат нејзината позиција како еден од најголемите инвеститори во земјата.

    *Kомерцијална објава

    Симнете ја мобилната апликација

    ©SDK.MK Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира